Македонија
27. јуни 2024 - 21:14

ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници

Ординациите на матичните доктори се претворија во печатници, се пожалија од Здружението на приватни лекари. Пациентите барале од нив да ги испечатат нивните резултати и останати истражувања, иако анализите биле направени претходно во друга институција. 

Најчесто станувало збор за крвни анализи, во лаборатории што се направени.

Побараа средба со министерот за решавање на овие проблеми во примарното здравство, за докторите како што велат оттаму, да си ја работат својата работа, а не да печатат резултати.