Loading Video...
Свет
27. јуни 2024 - 16:28

Преглед на вести од светот

Синокешниот обид за воен удар во Боливија заврши со апсење на неговиот организатор, генералот Хуан Хозе Зунига а воените  единици кои упаднаа на централниот плоштад  во Ла Паз, и ги разбија  портите на претседателската палата се повлекоа. Уапсен е и шефот на боливиската морнарица, вице-адмиралот  Хуан Арнез Салвадор. Јавното обвинителство отвори кривична истрага. Точните мотиви на генералот Зунига за покренување на воениот удар остануваат нејасни. Во вторникот  боливискиот претседател и врховрен командат  Луси Арсе  го разреши  Зунига од функцијата началник на вооружените сили , откако во телевизиско  интервју   рече дека ќе го уапси поранешниот претседател Ево Моралес  доколку повторно се кандидра за фунцкијата следната година. Регионалните и меѓународните лидери   го осудија обидот за воен удар во Бловија  и   повикаа на почитување на демократија и легитмно избраните власти.

 

ДВОДНЕВЕН САМИТ НА ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ВО БРИСЕЛ. СЕ ОЧЕКУВА ШЕФОВИТЕ НА ДРЖАВИ И ВЛАДИ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ВОДЕЧКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ПО ИЗБОРИТЕ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ. АКТУЕЛНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА, УРСУЛА ФОН ДЕР ЛЕЈЕН, СЕ ОЧЕКУВА ДА БИДЕ НАЗНАЧЕНА ЗА ВТОР МАНДАТ. ПОРАНЕШНИОТ ПОРТУГАЛСКИ ПРЕМИЕР, АНТОНИО КОСТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ, А ПРЕМИЕРКАТА НА ЕСТОНИЈА, КАЈА КАЛАС, ТРЕБА ДА БИДЕ ШЕФ НА ЕВРОПСКАТА ДИПЛОМАТИЈА. ЗА ВРЕМЕ НА САМИТОТ, ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ЌЕ РАЗГОВАРААТ И ЗА Стратешката агенда 2024-2029 година, ВОЈНАТА ВО УКРАИНА И ЗА СИТУАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК.

 

Прв тв дуел помеѓу двајцата кандидати за иден претседател на САД. Актуелниот  шеф на Белата куќа  и кандидат на демократската партија  Џо Бајден и реубликанскиот ривал Доналд Трамп ќе се појават   на дебатната сцена на СНН во Атланта вечерва. Во текот на 90 те минути ќе разговараат за економијата, демократијата,  имиграцијата и војните во Украина и Газа.   Претендетите за претседателската фотеља се највозрасни во американската историја. Бајден има 81 а Трамп 78 години. Според анкетите, двајцата  имаат подеднаква поддршка од гласачите.  Пред оддржувањето на претседателските  избори, предвидено е да се  одржи уште една телевизиска дебата, планирана за 10 септември а домаќин ќе биде Еј Би си њуз.