Loading Video...
Свет
26. јуни 2024 - 19:49

Преглед на вестите од светот

Земјите членки на НАТО одлучија  -  холандскиот премиер во заминување  Марк Руте  да биде новиот  шеф на НАТО. Функцијата ќе ја презеде од 1 октомври, кога мандатот на Јенс  Столтенеберг истекува по десет години водење на Алијансата. Огромна чест е да се биде генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе биде столб на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа органзиација е одговорност   и благодарен сум што алијансата ми ја даде довербата напиша Руте на Х.  Столтенбег го пофали својот наследник, наведувајќи дека тој е искрен претставник на вредностите на НАТО, силен лидер, посветен на постигнување консензус. 57 годишниот Руте које е премиер на  Холандија речиси 14 години. Важи за голем поддржувач на Украина и остар  критичар на Путин. Како шеф на најголемата воена органзиација во светот, ќе се соочи со предизвикот да ја  оддржи поддршката на сојузниците за борбата на Украина против Русија, но и да избегне директен судир на НАТО со Москва. Доколку Доналд Трамп, кој е НАТО скептик, повторно  стане шеф на САД  тоа би можело да биде дополнителен притисок врз Руте. Трамп најави дека ако победи на претседатеслките избори во ноември  ќе ја преиспита улогата на САД во НАТО и ќе ја намали помошта за Украина.  За местото на Столтенберг   беше заинтересиран и романскиот претседател Клаус Јоханис, но тој мината недела објави дека се повлекува  од трката  отккао не успеал да  обезбеди  поддршка.

Основачот на Викиликс, Џулијан АСанж, кој од денеска и официјално  е слободен човек се врати во родната Австралија. Утрово судот во Синап,американска територија во Пацификот го одобри договорот што Асанж  го постигна   со американското правосудство во врска со обвинувањата за шпионажа. Тој призна вина за едно кривично дело во врска со објавувањето на стотици илјади доверливи  американски    воени и дипломатски документи  во замена за негово ослободување по 14 годишна правна битка.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албина Курти се на состанок  во Брисел на покана на  шефот на европската диплоамтија Жозеп Борел и посредникот во дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак. Се разговара  за   постигнато во дијалогот за нормализација на односите Србија –Косово, како  и за понатамошните чекори. Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа во Брисел  пред 9 месеци.