За првомајскиот протест во Истанбул подготвени 25.000 полицајци
Речиси 25.000 припадници на турските полициски сили се распоредени во Истанбул, а голем број улици во градот се затворени за движење пред утрешното одбележување на 1 Мај, што е вообичаена можност за судири меѓу демонстранти и полицијата.
Канцеларијата на градоначалникот на Истанбул соопшти денеска дека „со цел да се гарантира безбедноста на граѓаните“ за првомајскиот празник, на должност во градот ќе бидат 24.500 припадници на турските безбедносни сили.
Метро станицата на главниот плоштад Таксим ќе биде целосно затворена, а долж улиците веќе се поставени метални огради, а распоредени се и десетици полицајци во опрема за разбивање на протести.
Плоштадот Таксим е место на судири за време на Меѓународниот ден на трудот откако на 1 мај 1977 година беа убиени десетина луѓе во време кога модерна Турција минуваше низ еден од своите најтурбулентни периоди.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски