За најдобрите 35 суденти Дебар обезеди бесплатни билети за превоз
Општина Дебар за најдобрите 35 студенти од општината кои студираат на универзитетите во Скопје и во Тетово, а кои постигнале успех над девет, обезбеди по два повратни бесплатни билети во текот на еден месец , за целата учебна 2015/2016 година.
Врачувајќи им го овој вид признание за нивниот труд и постигнат успех градоначалникот на Дебар, Ружди Љата нагласи дека младите интелектуалци се иднината на општина.
- Ова признание е во знак на благодарност за вашето ангажирање. Вие сте индината и мозокот на Дебар, градот кој е познат по својата богата историја во областа на образованието, град на културата, соживотот и почитта, рече Љата посакувајќи им на студентите да продолжат со нивниот успех и кога ќе дипломираат во родниот град да го претворат во реалност нивното знаење.
Претходно општината, врз основа на член 50 точка 11 од Законот за локална самоуправа и Статутот на општината распиша конкурс и по разгледувањето на доставените апликации одлучи со оваа поволност на општината да бидат опфатени 35 студенти. Според пресметката општина Дебар ќе обезбеди средства за 700 повратни билети.
Ново на Сител
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Тема на денот со Марко Бислимовски
-
Прилепската градинка запуштена
-
Преглед на вестите од светот
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Пренатрупаноста алармантна во Идризово, се убива за повеќе простор
-
Мицкоски: Нема да коленичиме пред Софија
-
Анкета на ИПИС: Граѓаните имаат високи очекувања од владата на Мицкоски