Македонија
26. јуни 2024 - 16:37

Анкета на ИПИС: Граѓаните имаат високи очекувања од владата на Мицкоски

Граѓаните очекуваат новата власт да биде подобра од претходната, покажува најновата анкета која ја спроведен Институтот за политички истражувања Скопје

Речиси 56% од граѓаните одговориле дека очекуваат новата влада на ВМРО ДПМНЕ и Вреди ќе биде подобра од претходната на СДСМ и ДУИ, 11% сметаат дека ќе биде полоша, а 22% дека ќе биде иста.

33,2% од граѓаните позитивно го оценуваат составот на  владиниот кабинет на Мицкоски, додека негативна оценка даваат 15 отсто од граѓаните

Ако следната недела има избори, победата, според анкетата, ќе ја однесе ВМРО-ДПМНЕ.

Високи 28 проценти се изјасниле дека својот глас би го дале за владејачката партија. 10,1 отсто од анкетираните би гласале за СДСМ, 8,9 проценти за коалицијата ДУИ, а 7,8 отсто за коалицијата Вреди

Според анкетата со 27,8 проценти Премиерот Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните.

Останатите наведени политичари во анкетата уживаат доверба помала од 10 проценти, а интересно е што високи 26% од граѓаните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар.

Зад Мицкоски со доверба од 8,4% е лидерот на ДУИ Али Ахмети, а трет е лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски со доверба од 4,8%.

Помеѓу лидерите од колаицијата Вреди, најголема доверба има предводникот на БЕСА Биљал Касами со рејтинг од 2,2%, додека Гаши и Таравари имаат идентичен рејтинг од 1,8%.

Иста доверба помеѓу граѓаните од 1,8% има и доскорешниот лидер на СДСМ Ковачевски, но и неговиот претходник Заев. Анкетата сепак не го мери рејтингот на 4цата сегашни кандидати за лидерската позиција во опозицијата.  

Анкетата на ИПИС е спроведена во периодот од 18 до 21 јуни телефонски на реперзентативен примерок од 1089 испитаници.