За наградите на ДПМ конкурираат 70 книги
На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија за најуспешни остварувања во 2017 година, досега пристигнале 70 дела од 65 автори.
ДПМ очекува бројот на книгите да биде поголем со оглед на тоа дека конкурсот е отворен до крајот на декември.
Пристигнатите дела конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.
Признанијата на ДПМ ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченост по повод 71-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.
Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, универзитески професори, критичари и есеисти.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер