За една третина од работниците неделата останува работен ден
Две третини од вкупниот број на работници во земјава нема да работат во недела, а за една третина оваа нема да важи. Во вчерашното интервју на Сител вицепремиерот Битиќи соопшти дека исклучок од неработењето во недела ќе бидат 34 дејности. Од кабинетото на Битиќи веалт дека листата не е конечна и ќе има промени поради што не можат да ги објавт дејностите кои продолжат со работа во недела. Според информации на сител од орагзанизациите вклучени во разговорите на овој список влегуваат
Печатници за весници,
Трговијата со гориво
Апетки
Трговијата со електрична енергија
Воден, воздухопловен, копнен транспорт
Хотели
Дејностите за подготовка и снабдување со храна
Медиуми
Телекомуникации
Пожарникарска служба,
Погребални услуги
Музеи
Зоолошки градини
Трговски објекти со 200 квадратни метри продажен простор на бензиски пумпи, гранични премини , аеродроми, жележнички и автобуски станици.
Болници ...
Работодавачите велат дека преговорите околу ова законско решение привршуваат.
Дел од експертската јавност смета дека има простор да се донесе едно вакво решение, но работодавачите иако преговараат мислат дека сега не е вистинско време затоа што економијата е многу кревка. Граѓаните пак сметаат дека ваква одлука одамна требало да биде донесена.
Синдикатите бараат на сите оние кои ќе работат во недела да добијат зголемена дневница и слободен ден.
За вакво законско решние во регионот се преговара во Хрватска и во Црна Гора.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар