Свет
21. April 2020 - 20:24

За 24 часа, нови 531 смртни случаи во Франција од Ковид-19

Со нови 531 смртни случаи, во Франција бројот на жртвите од епидемијата со Ковид-19 достигна 20.796.

Во Франција вкупно 117.324 лица се со потврдена дијагноза на Ковид–19. Вечерва 30.106 лица се на болничко лекување поради заразата со вирусот, додека 5.433 пациенти се во тешка состојба и се на интензивна нега.

Тринаесет дена по ред бројот на пациентите кои се на интензивна нега се намалува.