СДСМ и натаму бара лидерска средба
Опозициската партија и натаму останува на барањето за лидерска средба.
Очекувавме дека ДУИ први ќе ја прифатат лидерската средба за стабилност која ја понуди претседателот Филипче. За жал, тоа не се случи и ДУИ пропушти можност исто како и ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека вистински се залага за мирот и стабилноста во државата.
СДСМ продолжува да делува конструктивно на ова поле и да биде заштитник и промотор на правата на сите граѓани на Македонија, без разлика од која етничка заедница потекнуваат. Сржта на новата платформа на СДСМ е еднаквоста, правдата и меѓусебното почитување и ниеден напад на овие темели на социјалдемократијата нема да вроди со плод.
Ја користиме оваа прилика уште еднаш да ги повикаме ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и сите останати парламентарни партии да го прифатат повикот за лидерска средба од каде заеднички ќе испратиме порака за стабилност. Доколку ова не го прифатат, со жалење ќе мора да констатираме дека некоја од овие партии има интерес од постајно подгревање на тензиите што е многу опасно за државата, посочуваат од СДСМ
Од Владата пак вчера порачаа дека во моментов не гледаат објективни причиони за ваквото барање, но сепак ја повикаа СДСМ и официјално да поднесе барање за ваква средба, а не тоа да доаѓа преку медиумите.
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025