За 22,5 проценти зголемен бројот на патници на македонските аеродороми
Во првата половина од годинава од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид превезени се 1.008.435 патници, што споредено со минатата година претставува зголемување за 22,5 процента, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
Според ресорното Министерство, продлжува трендот на раст на бројот на патници кои поминале на двата аеродрома во Македонија.
На скопскиот аеродром од јануари до јули одинава се регистрирани 933.130 патници што, во однос на истиот период лани кога биле превезени 775.177 патници, претставува пораст од 20, 4 проценти.
На охридскиот аеродром, пак, во првите шест месеци се превезени 75. 305 патници, или за 55,9 проценти повеќе од минатогодишниот ист период.
Согласно реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.
- Рекордниот број на превезени патници во овој период како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, истакнуваат од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-
Војната во 2001-та вистински предизвик за известување за младата редакција на Сител
-
Информативната редакција на Сител со Марјан Ѓуровски
-
Информативната редакција на Сител со Јасминка Аневска
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница