-->
-->
Вулин тврди дека посетата на Вучиќ на Косово е дипломатска победа на Србија
-->
Министерот за одбрана на Србија, Алексадар Вулин изјави денеска дека посетата на српскиот претседател на Косово е „голема дипломатска победа на Србија“.
Во изјава за РТС, Вулин оцени дека посетата на Александар Вучиќ на српските средини во Косово е показател дека Србија е рамноправен фактор во меѓународните односи.
– Таа посета е меѓународна победа на Александар Вучиќ. Покажува дека работите во меѓународната заедница се промениле за Србија, изјави тој.
Вулин додаде дека ситуацијата е „многу сложена“, но надлежните служби на Србија „будно следат случувања на теренот и ќе направат се да не се случи какво било загрозување на безбедноста на Вучиќ“ додека е на Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пилотите од соседството за Сител: Со пожарите во Македонија се бориме како за своја земја
-
Пожарникарите од Србија и Црна Гора за Сител: Се бориме како за своја земја
-
Тема на денот со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово и поранешен потпретседател на СДСМ
-
Антикорупционерите сакаат дипломатски пасоши
-
Активно беснеат 8 пожари низ земјава, со сили се делува на терен
-
Штети од невремето во Скопје
-
15 часа дел од Скопје остана без струја
-
Компјутерски проблем парализираше половина свет – засегнати банки, аеродроми, болници, медиуми...