Македонија
19. July 2024 - 16:39

Штети од невремето во Скопје

Паднати кровови и дрвја се најголемиот дел од штетите кои ги придизвика синоќешното невреме- траеше кратко, но доволно да им ги однесе покривите на граѓаните, да направи штети во дворовите и на улиците и да го блокира сообраќајот. 

Секоја втора куќа без покрив, лимови одлетани и по стотина метри е сликата која денеска не дочека во населбата Ченто. Штетите се огромни велат граѓаните, пријавиле, но сами си ги санираат. Среќа што траело дваесетина минути велат.

Бројот 112 синоќа бил рекордно пати свртен од страна на граѓани кои пријавувале штети. Најголем број од повиците биле поврзани со невремето, но и пожарите. 

И за денеска во доцните попладневни часови е најавен дожд на поголемиот дел од територијата на Македонија.

Најпогодена општина од синоќешното невреме во Скопје беше Гази Баба.