Македонија
19. July 2024 - 16:42

Активно беснеат 8 пожари низ земјава, со сили се делува на терен

10 дена дивеат пожари во државата. Сите сили  се фокусирани на пожарот на Серта каде пламените јазици се развиваат неколку дена. Два хеликоптери на МВР и АРМ го надлетуваат просторот и гаснат по потреба. Вклучени се армиските сили, ДЗС и тигрите со гаснење од копно.

Ризични се две точки од штипската страна на Серта каде освен со нашите воздухоплови, се делува и со помош на српски и црногорски хеликоптери.

Сериозни се неколку пожари над територија на Чашка, Велес и Росоман, Ново Село, активни се 8 пожари. Огромна катастрофа била спречена вчера во кругот на поранешна Порцеланка во Велес. Нaд 80 тони гас биле во ризик да експлодираат по пожарот кој избувнал во околината. 

Освен силите на ДЗС, пожарникарите, со преку 200 припадници од АРМ и полицијата се делува низ цела територија. Поради тешко пристапните  терени каде беснеат пожарите, помош веќе неколку дена добиваме и од воздухоплови на Турција, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска и Романија.

Романскиот „Спартан“ гасне пожари со таканаречени водни бомби од пет тони, а „Херкул“ е негова логистичка поддршка.