-->
-->
Вуцис: Договорот треба да биде изгласан од 151 пратеник
-->
Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, во разговор со грчките новинари рекол дека Договорот од Преспа треба да биде изгласан од 151 пратеник, бидејќи тоа е добро за земјата и дека ова мнозинство постои, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
-Договорот од Преспа, иако Уставот не го налага тоа, треба да биде изгласан од 151 пратеник за да има силна моќ, како во внатрешноста на земјата, така и во меѓународните организации, им рекол Вуцис на новинарите.
Додека, пак, во однос на сценариото да не добие 151 пратеник, претседателот на грчкиот Парламент објаснил дека тогаш „ќе постои прашање на ограничена одговорност во однос на толкувањето, но никој во меѓународните организации нема да постави прашање дека не е валиден“.
-Добро е за земјата и за парламентот да постои јасно мнозинство и мислам дека ќе постои, бидејќи е силен историски договор, коментирал Вуцис.
Прашан за тоа дали договорот оваа седмица ќе дојде на расправа во парламентот, Вуцис рекол дека не е запознаен со такво нешто и истакнал дека расправата ќе се одржи без брзање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања