Вучиќ му го честита изборот на Борис Џонсон
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати честитка до Борис Џонсон, кого Конзервативната партија денеска го избра за нов британски премиер, во која, меѓу другото, изразува надеж дека токму тој ќе биде првиот британски премиер кој по речиси 40 години ќе ја посети Србија.
– Вашиот избор сведочи за голема доверба, која е укажана колку со Вашето искуство, толку и со идеите да одговорите на предизвиците со кои се соочува Велика Британија. Верувам дека ќе и донесете нова енергија на Вашата земја и ќе ја поведете кон сигурен пат на напредок. Во мене ќе имате сигурен партнер во развој на политичкиот дијалог и јакнење на економската соработка меѓу нашите земји. Почитувајќи го придонесот на Велика Британија за Берлинскиот процес и соработката на Западен Балкан, сакам уште еднаш да истакнам дека Србија, водејќи политика на мир, ќе продолжи да се бори за стабилноста на Западен Балкан, како основа за економски и секој друг напредок на Србија и регионот, се наведува во честитката на Вучиќ.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија