Вучевиќ: Српската војска е во состојба на готовност поради Косово, подигнато е борбеното ниво
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност и дека е подигнато нивото на борбена готовност поради ситуацијата на Косово.
Вучевиќ во гостувањето на телевизијата Хепи изјави дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри”.
-Не можеме да бидеме опуштени, а се залагаме за дијалог, посочи тој.
Тој рече дека армијата е подготвена да ја изврши секоја наредба на Вучиќ, кој е нејзин врховен командант, заштитувајќи ги сите граѓани на Србија, вклучително и Србите на Косово, „и во тоа никој не треба да се сомнева”.
-Србија е за дијалог. Подобро е да се преговара илјада дена, отколку еден ден да се биде во ров, рече Вучевиќ.
Тој предупреди дека кога Србија зборува за мир и стабилност, тоа не значи дека е слаба или кукавица, бидејќи нејзината армија е многукратно посилна отколку што била, и дека постапува според наредбата на шефот на државата и претседателот.
Ново на Сител
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници