Македонија
31. January 2025 - 13:13

„Врските не враќаат човечки живот“, почна протестот на Партизанска за загинатата Фросина | ФОТО


Започна протестот за кој граѓаните од вчера преку социјалните мрежи се организираа на булеварот „Партизански одреди“ спроти пекарницата „Силбо“ каде што беше прегазена 22-годишната студентка од Неготино Фросина Кулакова.

На протестот граѓаните бараат да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога. Јованов под дејство на алкохол поминал на црвено кога удрил во Фросина.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)