Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
Врховната рада на Украина усвои закон за одобрување на указот на претседателот на државата за продолжување на вонредната состојба во Украина.
„Врховната Рада ја продолжи вонредната состојба за 90 дена, од 8 февруари до 9 мај“, објави украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко на својот канал на Телеграм.
Тој наведе дека законот е донесен со 315 гласа. Пратеникот од парламентарната фракција Голос, Јарослав Железњак истакна дека ова ќе биде 14-ти пат Врховната рада да гласа за вонредна состојба.
Во меѓувреме украински медиуми објавија дека Русија и Украина ослободиле по 25 заробени војници во првата размена на воени заробеници во 2025 година, соопштија денеска двете земји.
Илјадници борци беа вратени во десетици размени откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, што е ретка форма на соработка меѓу Москва и Киев по речиси три години борби.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?