Бизнис
5. December 2017 - 12:10

Вработени на „Фени Индустри“ повторно го блокираат патот Градско-Прилеп

Поради штрајк на вработените од „Фени Индустри”, патниот правец Градско – Прилеп, кај мотел Дреново ќе биде затворен за сообраќај од 11:00 до 14:00 часот.

Од истите причини овој патен правец беше во прекин и во текот на вчерашниот ден.