Македонија
7. April 2017 - 14:45

Возило прегази дете во Чаир

Тешко повредено е деветгодишно дете кое вчера во Чаир било удрено од патничко возило „Форд Фокус".

Според МВР, несреќата се случила на улицата „Лазо Трповски“, а со возилото, со скопски регистарски ознаки, управувал Ќ.Ф.(59) од Скопје.

Детето има фрактура на двете коски од левата подлактица. Префрлено е во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и задржано на натамошно лекување.