-->
-->
Вонредна состојба во Клиничкиот центар во Сараево поради зголемениот број на заразени од Ковид-19
-->
Директорката на Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево (КЦУС), Себија Изетбеговиќ изјави дека Кризниот штаб на таа институција прогласил вонредна состојба.
Дури 519 пациенти се лекуваат од Ковид-19 во одделите на КЦУС.
– Со оглед на моменталната состојба, кризниот штаб на КЦУС прогласи вонредна состојба и донесе едногласна одлука за повлекување на сите вработени од годишен одмор, се наведува во соопштението од КЦУС. Поради влошување на состојбата денеска ќе заседава и Собранието на Сараевскиот кантон.
Во периодот од 15 февруари до 15 март, дневниот број на пациенти се движеше од 104 до 779 случаи, со просечна вредност од 387 потврдени случаи на ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи