Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје
Владата во 14 часот закажа вонредна седница на која ќе се расправа за проблемот со јавниот превоз во главниот град. Скопјени од вчера имаат редуциран градски превоз поради недостиг на гориво за автобусите. Најголем дел од автобусите се лоцирани во базите во „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров.
За денеска во 18 часот е закажана и вонредна седница на Советот на Град Скопје.
Од советничката група на СДСМ на прес-конференција излегоа со неколку предлози за надминување на ситуацијата. Предлагаат Владата под итно да обезбеди 2,5 милиони литри евро-дизел од државните резерви на нафта, да се свика надзорна расправа во Собранието за состојбата во главниот град, како и да се донесат измени за Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив, коишто Собранието треба да ги усвои по скратена постапка за да се обезбеди финансиска стабилност на Градот.
Од Либерално демократската партија пак преку соопштение побараа оставка од градоначалничката Арсовска. Колапсот на градскиот превоз изминатите два дена, како што наведуваат, е последното дно кое го допре моменталното градско раководство, „оперирано“ од срам, било каква одговорност и чувство за последици кон сите граѓани кои живеат, но и оние кои престојуваат или транзитираат низ главниот град.
Од Град Скопје одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.
Од Бирото за јавни набавки денеска ги отфрлија ставовите во соопштението од Град Скопје како непримерни и непрофесионални нагласувајќи дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна.
- Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација, велат од Бирото за јавни набавки.
За утре се најавени јавни протести поради состојбата со превозот во градот. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, ги повика сите жители на протест, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ кои најавија дека ќе се приклучат на протестот ако не се реши проблемот со јавниот превоз.
Ново на Сител
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик