Македонија
26. September 2015 - 19:57

Волонтерска акција „Млади, јавни простори и мурали“ во Велес

Во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество „Млади, јавни простори и мурали“, а во соработка со Младинскиот образовен форум и уште неколку невладини организации, денеска во Велес започна дводневна младинска волонтерска акција - цртање мурали на јавно прометни површини во градот.

Во тие рамки младите од Велес денска цртаа мурали на локацијата во Младински парк  и преминот тунел кај Мал мост во новиот дел на Велес.

Како што појасни за медиумите Александра Алексовска претставник од неформалната група, целта на оваа акција е  активирање на младите во начинот на користење на јавните површини во позитивни цели и урбанизација на градот, како и промовирање на волонтерството и активно вклучување на младите во однос на промени во локалната заедница.

Иницијативата е поттикната самоиницијативно од неформална група на студенти кои во својот град сакаат да започнат со внесување нови идеи за тоа како да ја подигнат јавната свест за практично и креативно искористување на јавните простори во заедницата, информира Алексовска.