Џет-Сет
20. јуни 2016 - 12:41

Во знак на сеќавање на починатиот актер - „Си одам дома куме, доста е!“

Познатиот српски актер Милорад Мандиќ Манда беше погребан во саботата во Алејата на славните на новите гробишта во Белград до неговите добри пријатели Бата Живоиновиќ и Драган Николиќ кои исто така починаа неодамна.

Манда ненадејно почина на 15 јуни на сцена додека го играше ликот на Капетан Кука, а беше погребан со звуците на неговата омилена песна „Несоница” од ултра популарниот филм во кој глумеше, Ивкова слава. На погребот присуствуваа огромен број неговите пријатели и роднини, како и целата српска актерска елита.

Од Манда се простија Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо, Андрија Милошевиќ, Срѓан Тодоровиќ и многу други.

Во Бања Лука само еден ден по неговата смрт беше забележан и графит во знак на сеќавањето на починатиот актер. “Идем куме куќи! Доста је…” или во превод „Си одам дома куме, доста е” – стои на графитот, што е добро позната реплика од филмот „Лепа села лепо горе”.