Во Велес се одржа 25-та манифестација „Вешта жена“
Во Велес синоќа по 25-ти пат се одржа традиционалната манифестација „Вешта жена“ за 2017 година.
Меѓу петте натпреварувачки во седум дисциплини, за „Вешта жена“ на Велес за 2017 година беше прогласена Магда Јосифова, која се натпреваруваше за првпат.
Таа доби најмногу гласови од жири комисијата и присутните жени гости на манифестацијата.
Инаку според пропозициите на организаторот, тие се натпреваруаа во дисциплините: поставување свечена маса за четири лица, аранжирање цвеќе и салфета, главно јадење-сервирање, декорирање и вкус, декорација на десерт-торта и општ впечаток на сето подготвено на масата.
Снежана Стојановска од Тетово основач и организатор на манифестацијата „Вешта жена“ изјави дека Велес по Тетово е еден од првите градови во земјава, каде започна да се организира манифестацијата и еден од 25-те градови во Македонија каде тие имаа свои ограноци на „Вешта жена“.
Стојановска информира дека главната идеја на манифестацијата е пред јавноста да ги претстават вештите жени кои досега само во кругот на своето семејството убаво подготвувале храна и декорирале маса, а преку манифестацијата имаат убава можност да имаат можност своите вештина да ги презентираат во јавноста.
- Освен што ја вадиме од анономноста и ја парично ја спонзорираме за учество во манифестацијата, што е посебно важно ние на жените учеснички преку оваа манифестација им даваме шанса за оние кои што се невработени да станат економски силни и на овој начин и самите да заработуваат, потенцира Стојановска.
Инаку по Велес утревечер „Вешта жена“ 2017 е закажана во Гостивар. Годинава ќе се одржи во 22 градови во Македонија, а финалето на кои ќе се соберат најдобрите „Вешти жени“ од земјава е закажано на 12 и 13 мај во Лешочкиот манастир кај Тетово.
Освен во Македонија манифестацијата „Вешта жена“ деновиве по петти пат се одржа меѓу македонските жени во Берн, Швајцарија.
Ново на Сител
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено, во текот на денот сончево