Во Велес крстот за Водици го фати Ивица Андонов
Ивица Андонов од Велес го фати осветениот крст во реката Вардар. Тој беше еден од 59-те православни верници кои влегоа во ладните води на Вардар во Велес.
Андонов рече дека е многу среќен што го фатил крстот на овој голем празник и дека од 15-годишна возраст секоја година се фрлал по крстот во Вардар за Водици. Ивица, кој има 27 години, е невработен, оженет и има едно дете.
- На сите верници им посакувам во оваа година многу среќа, здравје и работа, порача Андонов. Од владиката Агатангел тој на подарок прими златен крст и библија, а од Општина Велес ДиВиДи.
Андонов со своите другари во наредниот месец носејќи го светиот крст ќе ги посети и благослови за среќа домовите на православните христијани во Велес.
Празникот Богојавление-Водици утрово започна со Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Свети Спас“ со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
По завршувањето на Литургијата се формира литија од Црквата „Свети Спас“ до Мало мовче, а каде што се изврши осветување на водите на реката Вардар, а по што владиката Агатангел го положи крстот во водите на реката Вардар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга