Во Тетово одземени 489 килограми тутун и 415 кутии цигари од нелегални продавачи
Во заедничка акција на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Царинска управа кај зелениот пазар во Тетово претпладнево се одземени режан тутун и цигари кои нелегално се продавале. При акција иснпекторите на двете институциите биле физички попречувани и напаѓани од страна на нелегалните продавачи, соопштија од Инспекторатот.
– Во Тетово спроведовме акција за сузбивање на сивата економија, односно нелегална продажба на акцизна стока. Во акцијата одземени се 489 килограми режан тутун и 415 кутии со цигари. При спроведувањето на акцијата инспекторите се физички попречувани да ги одземат тутунот и цигарите. Дел од продавачите физички ги нападнале и ги вратиле назад дел од одземениот тутун и цигари, соопштија од Државниот пазарен инспекторат.
Иако биле нападнати инспекторите поминале без повреди, соопштија од ДПИ.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари