-->
-->
Во Скопје заедничка владина седница на Северна Македонија и на Албанија
-->
– Владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје ќе одржат меѓувладина седница на која официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама.
На меѓу владината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји.
– Односите меѓу Северна Македонија и Албанија се на исклучително високо ниво, исто како што се на исклучително високо ниво и со другите соседни држави, изјави вчера премиерот Ковачевски по увидот на реконструираната полициска станица во Гази Баба.
Граѓаните, додаде тој, може да очекуваат средба меѓу двете влади, во исклучително позитивна атмосфера.
-Министерствата веќе имаат подготвено поголем број меморандуми и одлуки за соработка, кои не само што ќе бидат разгледани, туку и ќе бидат потпишани заедно со министрите од Албанија, нагласи Ковачевски.
Премиерот посочи дека за целиот тек на средбата за заедничката владина седница медиумите постојано ќе бидат информирани. Подоцна, како што рече, веројатно ќе следува и прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол