Во Скопје вчера 8 сообраќајки, две лица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.
Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден работник кој се превезувал на задниот дел од специјално возило.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ кое се наоѓа во општина Центар.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Во недела, со почеток во 15:15 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Митјиланд, Данска. Со цел непречено одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите