Во Шведска се трага по маж маскиран како кловн
Шведската полиција денеска соопшти дека трага по маж кој носел маска на кловн и жолта облека и кој со себе носел остар предмет, при што преплашил осомгодишник што одел на училиште.
Според полицискиот портпарол Стефан Дангарт, возач кој поминувал и видел што се случува засвирел од автомобилот, што му овозможило на детето да побегне, објави агенцијата АП.
Дангарт рече дека човекот имал црвена коса и лицето му било обоено со бела боја.
Инцидентот се случил денеска во Кумлa, околу 165 километри западно од Стокхолм.
Според весникот „Афтонбладет“ се верува дека сомнителниот кловн бил на возраст од околку 20 години.
Пред две години, слични инциденти се случија во Шведска, Норвешка и Данска, поради што норвешка продавница за играчки престана да продава костуми за кловнови во своите 114 продавници.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк