Во штипскиот Народен театар вчерва премиера на претставата „Бегство“
Тетарската претстава „Бегство“, вечерва на сцената на Народниот театар-Штип ќе ја има својата премиера. Претставата е во режија на Јован Ристовски, а е работена по мотиви од „Крајбрежје“ на Едвард Олби. Режисерот Ристовски забележува дека претставата говори за причините, зошто младите масовно се иселуваат од земјава.
– Што направиле нашите родители, нашите професори, што направиле сите оние, што требале да изградат држава, образование, здравство, односно да изградат едно општество. Мислам дека не сме добри и ако продолжат работите, како од 1991 до ден денес, за 20 години не гледам добра иднина за нас, рече Ристовски.
Во претставата „Бегство“ играат актерите Марија Минчева- Андонов, Пеце Ристевски, Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова-Дербов, Раде Рогожаров и Мирко Голомеов, кои истакнуваат дека се задоволни од соработката со режисерот, а публиката може да види убава претстава.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал