-->
-->
Во штипската болница 126 вработени веднаш сакаат да ја примаат вакцината против Ковид-19
-->
Во штипската Клиничка болница од 450 вработени, над една третина се пријавиле веднаш да се вакцинираат против коронавирусот.
Според податоците кои ги имаат во Клиничка болница, на анкетите 126 вработени побарале веднаш да ја примат вакцината, додека останатиот перосонал се пријавил за во наредните фази.
Штипскиот ковид центар уште од почетокот на пандемијата ја бие битката со овој вирус и болнички ги третира тешките пациенти од целиот источен регион.
Според денешниот здрaвствен билтен во овој центар во болнички услови се лекуваат 36 пациенти, од кои 18 се на кислородна поддршка, а еден пациент од Кочани на возраст од 74 години почина. Слободни болнички кревети има за 24 пациенти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза