Свет
16. April 2020 - 11:59

Во Русија со новиот коронавирус се заразени речиси 28.000 луѓе

Во последните 24 часа во Русија со Ковид-19 се заразени уште 3.448 луѓе, со што вкупниот број на позитивни се зголеми на 27.938 заразени, а 34 лица починале.

Споредено со претходниот ден, и бројот на болните и починатите благо се зголемуваат, соопшти кризниот штаб.

Пациенти има во 84 руски региони, а повеќето од нив се во Москва, каде што се разболеле вкупно 16.146 луѓе.

Досега од вирусот закрепнале вкупно 2.304 луѓе.