Во Пробиштип се реконструира улицата „Гоце Делчев“
Во Пробиштип во тек е реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ во централното градско подрачје. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека на оваа централна улица ќе се изгради нова атмосферска канализација, ќе бидат изградени нови тротоарни површини и комплетно ќе биде асфалтирана.
- Проектот го добивме како донација од Светска банка за претходно успешно реализирани проекти. Вредноста е околу два милиони и 800 илјади денари. Меѓутоа паралелно со овој проект ќе се гради и еден паркинг простор со вкупна површина од околу 350 м/2, за околу дваесетина возила, пред се да го користат оние родители кои доаѓаат и ги носат своите дечиња во градинка, рече Тоневски.
Рокот на изградбата на една од најфрекфентните улици во Пробиштип е четири месеци, но Тоневски вели дека очекува изградбата да биде реализирана порано од предвидениот рок.
До крајот на градежната сезона согласно Програмата за работа ќе се реконструира и соседната улицата „Црн врв“, за што Општина Пробиштип ќе ја распише тендерската постапка за реконструкција на оваа улица.
Ново на Сител
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње
-
Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија
-
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер
-
Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу
-
Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица
-
Урсула фон дер Лајен во Белград: Партнерството меѓу Србија и ЕУ станува се посилно
-
Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС
-
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните