Во Пробиштип по осми пат „Зелникот на баба“
Познатата манифестација „Зелникот на баба“, што покрај натреварувачки има и хуманитарен карактер, се одржа денеска по осми пат во Пробиштип. Марија Митева од кабинетот на градоначалникот на Општината информира дека денеска на Градскиот плоштад во Пробиштип во месење и сукање на зелник се натреваруваа екипи од земјава, но и од Бугарија и Србија. Манифестацијата свечено ја отвори градоначалникот, Драган Анастасов.
– Денес го одбележавме осмото издание на „Зелникот на баба“ – манифестација што од година во година станува се попрепознатлива во Македонија, но и во регионот. На овогодинешното издание, покрај учесниците од нашата држава имавме гости од Република Бугарија и Република Србија. Низ пријатна атмосфера со убава традиционална музика, имавме можност да ги вкусиме традиционалните зелници и да видиме како тие се приготвуваат, вели Митева.
Градскиот плоштад во рударскиот град Пробиштип, денеска беше преполн, а на манифестацијата присуствувале околу 3.000 гости. Вредните домаќинки, традиционалниот македонски специјалитет на лице место тестото го замесуваа, потоа сукаа, а на крајот го печеа и под вршник. Годинава имаше и награда за најдобра декорирана етно маса. На штандовите зелникот се продаваше на парчиња, а собраните средства се наменети за социјално ранливите семејства и болните лица. Според првичните информации собрани се над 1.000 евра од оваа манифестација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец