ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство, оценува Европската комисија (ЕК) во најновиот Извшетај за напредокот на земјава. ЕК забележува дека изготвувањето на новиот закон за земјоделство и рурален развој е одложено и препорачува земјава да ја усогласи својата политика за земјоделска поддршка со аки-то на ЕУ.
Како што се наведува во Извештајот, напредок нема во однос на интероперабилноста со системите за идентификација и регистрација на животни за обезбедување поквалитетни податоци.
- Сите елементи на Интегрираниот систем за администрација и контрола (IACS) се воспоставени согласно аки-то на ЕУ. Трансферите на податоци и интероперабилноста треба да се обезбедат заедно со верификацијата на точноста на податоците. Напредокот се забележува во орто-фото снимањето за да се олесни ажурирањето на Системот за идентификација на земјишни парцели (LPI). Регистарот на земјоделци и LPI допрва треба да се трансферираат во Платежната агенција, се наведува во Извештајот.
Потребни се дополнителни ресурси за проширување на Мрежата за сметководствени податоци од фарма (FADN), но и вклучување податоци за животната средина и социјалната одржливост согласно новата ЕУ мрежа за податоци за одржливост на фармата (FSDN).
-Усвоен е новиот Закон за советодавни услуги, но останува да се донесе законодавство за заедничката организација на пазарот и да се дефинираат институционалните мандати, нотира Комисијата.
Во однос на руралниот развој се акцентира дека почна ИПАРД 3 Програмата, а напредува и финализацијата на ИПРАД 2. Сепак, Комисијата препорачува да се обрне внимание на институционалниот капацитет на Платежната агенција и посебно на намалувањето на бројот на задоцнетите исплати на апликантите.
Од аспект на политиката на квалитет, ЕК го поздравува донесувањето на Законот за вино, додека во врска со органското земјоделство укажува дека останува да се донесе нов закон.
-Треба да се подобрат активностите за подобрување на следењето и контролата на сертификацијата и следливоста на органските производи. Треба да се направат и напори за натамошно развивање на секторот, со што дополнително се користи поддршката достапна во рамките на ИПАРД 3, наведува ЕК во Извештајот.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа