Почина Владиката Тимотеј
Се упокои Владиката Тимотеј на 73 годишна возраст. Митрополитот Дебарско Кичевски по неколку дена болничко лекување во Скопје, замина во вечноста. Во болница се лекувал од срцево заболување со кое се борел речиси една деценија откако преживеал инфаркт во 2013г.
По жалната вест во официјален допис се простија монаштвото на Бигорскиот манастир каде што тој се замонашил.
- Како верен служител на Црквата Христова дедо Тимотеј целиот свој живот го посвети на Господа, оставајќи зад себе неизбришлива трага со својата разборитост, пастирска љубов ио грижа за духовното спасение на довереното му стадо.
- Митрополитот Тимотеј ќе остане запаметен како монахољубив пасти, со чиј благослоб и пастирска слобода и грижа се возобнови и зацврсти монаштвото во нашата богочувана ерпархија.
Роден на 20 октомври 1951г во Младо Нагоричане, Кумановско како Славе Јовановски. По завршувањето на македонската православна богословија, дипломира на Богословскиот факултет во Белград во 1976г.. Богословскиот факултет работи како службеник ов Македонската Архиепископија. Од Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. Извесно време работел и како професор на богословскиот факултет, а е поставен и за в.д ректор на македонската православна богословија.
На 10 септември 1981 г во манастирот Св. Јован Крстител Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име Тимотеј.
По изборот за епископ од страна на Синодот на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ во црквата „Св. Димитриј" во Скопје.
Од 21 септември 1981 година, со Одлука Синодот , е назначен за Митрополит на Австралиската македонска православна епархија. Потоа се јавува потребата тој да биде назначен и паралелно да му биде доделена упразнетата Дебарско Кичевска епархија на која како администратор со седиште во Охрид до 1995г. До својата смрт тој раководеше со Дебарско Кичевската Епархија како митрополит а беше и администратор на австралиско сиднејската епархија.
Владиката Тимотеј беше назначен портпарол на Синодот на МПЦ ОА кој беше задолжен за комуникација со јавноста. Митрополитот беше еден од владиците со најголема посветеност во МПЦ ОА неговата улога беше исклучетелно важна во насока на балансирање на односите меѓу владиците во МПЦ ОА .
Синодот на МПЦ ОА треба да закаже седница на која ќе биде одлучено каде ќе почива неговото тело, но веројатно тоа ќе биде во епархијата со која раководеше.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар