Во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание
– Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј 11 Октомври и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941.
Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19,45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј 11 Октомври е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На прилепчани, на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески. Октетот „Прилеп“ ќе одржи концерт, а потоа и бендот „Peaches“.
Традиционално вечер и утре на празникот Меморијалниот музеј „11Октомври“ е отворен за посетителите.
Во чест на празникот од 20 часот во центарот за современа ликовн ауметност ќе биде отворена изложбата на Зоран Кардула под наслов „Star Wars & Makedonium“.
Утре на празникот, делегации од владата предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, делегација на борците, од локалната самоуправа, на здруженија и граѓани ќе положат цвеќиња и ќе се поклонат пред споменикот на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ, пред споменикот на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од НОБ и Револуцијата. Чествувањата утре почнуваат од 9,30 часот.
Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, во центарот на Прилеп утре од 10 до 15 часот ќе се одржува автомобилско шоу.
Ново на Сител
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции