Фудбал
27. November 2017 - 13:28

Во петок извлекување на мундијалските групи

1. декември е денот кога ќе бидат познати групите на СП кое се игра во Русија наредната година. Познати се и носителите тоа се Русија, Германија,Бразил, Поргугалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција. 
Извлекувањето е во Москва а интересно е што веќе се прават истражувања и прогнози кој со кого би се нашол во група. Еден истражувач користејќи го програмскиот јазик „Р“ за статистички пресметки и графики направил симулација за жребот повеќе од 10 000 пати и најчест резултат кој се појавил дури 146 пати е дека во група заедно ќе бидат Бразил, Мексико, Данска и Србија. Процентот на веројатност за таква група е скоро 20%.