Во oпштина Кисела Вода досега легализирани 4782 објекти
Општина Кисела Вода денес додели 50 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 4782, или една третина од пристигнатите 13849 барања за легализација.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат,во овој момент, изнесува 4085. Исто така, изготвени се уште 286 урбанистички согласности, од кои, за 223 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на
Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата на Република Македонија истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, до 31.12.2016 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари