Во обид да стигнат до САД татко и ќерка се удавија во водите на Рио Гранде
Светот е шокиран од фотографиите објавени во светот денес на безживотните тела на таткото и ќерката кои гушнати лежат на брегот на реката Рио Гранде на мексиканско-американската граница. Сонот да стасаат до Америка завршил во водите на Рио Гранде кога таткото, 26-годишниот Оскар Алберто Мартинез Рамирез и неговата двегодишна ќерка Валерија не успеале да ја препливаат реката.
Мексиканските новинари фотографијата ја споредија со таа на Алан Курди кого морето го исфрли на брегот на островот Кос.
Несреќните татко и ќерката, која до последен момент се држела за вратот на својот татко, сакале да преминат во Тексас.
Двајцата биле од Ел Салвадор, чии власти го потврдиле идентитетот на жртвите.
Илјадници луѓе од Централна Америка се обидуваат да је преминат мексиканско-американската граница, која е заштитена од 15.000 мексикански војници со цел да спречат илегални миграција кон САД.
Ново на Сител
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка