Во нападот во хотелот во Могадишу 11 убиени
Во нападот врз хотелот во главниот град на Сомалија, Могадишу, убиени се 11 лица, вклучувајќи ги и петмината напаѓачи од групата Ал-Шабаб, изјави денеска владиниот портпарол откако заврши целата операција, јави ДПА.
Исламистичката група Ал Шабаб, која има тесни врски со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот, што почнал доцна синоќа и траел цели шест часа во хотелот, наведе германската агенција.
Во нападот се ранети уште најмалку осум лица, додаде владиниот портпарол Исмаил Михтар Омар.
Во полициската акција на расчистување на нападот и спасување од хотелот биле извлечени стотина лица.
Хотелот, што се наоѓа во непосредна близина на претседателската палата во Могадишу, е многу популарно место за политичарите, наведуваат полициски извори. Во него за време на нападот имало многу политичари и лидери на локалната заедница.
Вооружените напаѓачи влегле во хотелот, минуваји низ безбедносниот влез облечени во униформи на безбедносните сили.
Ново на Сител
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата
-
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани
-
Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“
-
ЕХФ го одби одложување на Словенија - Македонија, навивачите ќе оддат почит на загинатите во Кочани
-
Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави