ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани
Европската Унија доби барање од Северна Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.
Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден.
Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку нејзиниот Механизам за цивилна заштита, доколку таа го побара тоа.
Изрази на сочувство, солидарност и тага поради трагедијата изразија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за проширување и за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент, Марта Кос и Хаџа Лабиб.
Најмалку 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.
Ново на Сител
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани
-
Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“
-
ЕХФ го одби одложување на Словенија - Македонија, навивачите ќе оддат почит на загинатите во Кочани
-
Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт