Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“
Музичари и познати личности на социјалните медиуми се збогуваат со трагично загинатите членови на групата ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. Меѓу загинатите е и фронтменот на групата Андреј Ѓоргиевски.
-Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати! Секогаш ќе те паметам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј таму горе. Ќе фалиш бескрајно, напиша Тамара Тодевска.
Антониа Гиговска, која пееше придружни вокали во една од песните на ДНК напиша: „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во мир, добро човече. Пеј како што си знаеше ти – најгласно, најубаво. Таму горе. Не сакам да верувам…“
-Куме мој. Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест. Кога ми ја пушти песната „Ако утре ме нема“ ти реков дека многу ми се „свиѓа“ без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина. Те нема веќе куме ама само физички... во срцата на оние кои те сакаат ќе те има засекогаш, напиша Лила Филиповска.
Пејачот Огнен Здравковски изразувајќи сочувство до семејствата напиша: Почивајте во мир драги мои другари, пријатели, колеги… Ќе се сретнеме, ќе се дружиме и ќе пееме и свириме пак заедно, таму горе на поубаво место.. Почивајте во мир, ќе фалите најмногу.. Сочувство до семејствата!
Весна Петрушевска во објава на социјалните мрежи напиша: Приказната за љубовта се сосоти од здраво и збогум, се додека не се сретнеме повторно. Сите бевте ангели и на земјата, ми беше огромна чест што ве познавав и живеев во вашето време. Сара, Андреј, Џоко и Филип.
Во трагичната несреќа во Кочани животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, вонредниот проф. м-р Сара Пројковска, придружен вокал, како и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев.
Ново на Сител
-
ЕХФ го одби одложување на Словенија - Македонија, навивачите ќе оддат почит на загинатите во Кочани
-
Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт
-
Директорот на Центарот за култура Штип и клавијатурист на „ДНК“ меѓу починатите во Кочани
-
Почина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров, им подлегна на повредите здобиени во пожарот во Кочани