ОН: Во Либија има речиси 3.000 припадници на ИД
Ограникот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Либија, кој брои меѓу 2.000 и 3.000 членови, манифестира јасни намери за преземање контрола врз поголем дел од територијата на оваа земја богата со нафта, се наведува во експертски извештај на ОН објавен синоќа во Њујорк.
Во извештајот посветен на санкциите на ОН кон Ал Каеда и групите блиски до неа, се истакнува дека ИД во Либија го гради својот имиџ врз основа на нејзината моќ во Ирак и Сирија и иако претставува „јасна краткоорочна и дологочна закана“ за земјата, таа е само една од многуте ривалски милитантни групи што дејствуваат на либиска територија.
- Централна команда на ИД во Либија гледа најдобра можност за проширување на нејзиниот т.н. Исламски Калифат од Сирија и Ирак, стои во извештајот од 24 страни.
Експертите наведуваат и дека покрај ваквите амбиции на ИД, групата наидува на сериозн отпор од страна на либиското население и дека се соочува со проблеми во формирањето и одржувањето на алијанси со локалните исламистички групи.
Во извештајот се додава дека иако ИД претставува јасна закана за Либија, според расположливите информации, групата засега не е вклучена во шеврц на дрога, рекет и во искористување на имигрантите кои преку либиска територија се обидуваат да стигнат до Европа.
- Активностите на ИД во Либија не се толку доходовни, како оние во Сирија и Ирак, се истакнува во документот.
Ново на Сител
-
Од утре дожд, снег и постудено
-
Дисциплинска за полицајците кои го пуштија Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина