Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар
Најниска температура утрово од 4 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 5 степени, 6 во Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, Охрид, Битола и Крушево, 10 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Тетово, Прилеп, Штип и во Струмица, 11 Виница, Куманово, Велес и 12 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Дојран, Гевгелија и во Кавадарци.
Според податоците од водомерните места на УХМР, во изминатите 24 часа до 08 часот најмногу воден талог е наврнат во Дебар - 7 л/м2, потоа 4 во Крушево и Виница, 2 Струмица и 1 л/м2 во Лазарополе.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. UV индексот ќе изенсува 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 26 степени
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот