Преглед на вестите од светот
Еден загинат и четворица повредени е билансот од експлозијата на забава во хрватскиот град Книн.
До експлозијата дошло откако претходно едно лице донело рачна бомба. Загина 25-годишник, а четворица на возраст од 16 до 25 години. 21-годишна девојка е во тешка состојба и се уште се бори за живот во болница Сплит.
Рачната бомба ја донел ранетиот 25-годишник. Ја пронашол во спалната соба во својот стан. Пред да експлодира, фотографија од бомбата објавиле и на социјалните мрежи.
Локалните власти најавија дека ќе биде проглен и ден на жалост.
Израел и Хезболах да го прифатат американскиот предлог за прекин на огнот. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел од Бејрут порача да се постигне примирје меѓу двете страни.
-Жалосно е што не можеме да ставиме крај на оваа војна. Но ова мора да се случи, и да ја искористиме трагедијата што ја гледаме во Либан и Газа со цел да избегнеме ново страдање на луѓето во регионот. Мораме да извршиме притисок кон израелската армија, но и кон Хезболах да го прифати американскиот предлог за прекин на огнот.
Шефот на европската дипломатија вети и 200 милиони евра за поддршка на либанската армија.
Израел започна голема офанзива против Хезболах во Либан во септември.
Неидентификувани беспилотни летали биле забележани над три воздухопловни бази во Велика Британија кои ги користи и американската армија. Инцидентите се случиле помеѓу 20 и 22 ноември.
Американските воздухопловни сили соопштија дека во оваа фаза се уште не е јасно дали дроновите биле непријателски.
Според првично објавени информации, ниту еден од упадите на британското небо не влијаело врз критичната инфраструктура и персоналот. Безбедносните сили го надгледуваат водушниот простор за да ја осигураат безбедноста.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар