-->
-->
Во кумановскиот театар ќе се вработат четворица актери
-->

Во кумановскиот театар ќе се вработат четворица актери, информираа надлежните од оваа установа на денешната прес-конференција.
Огласот е објавен пред Нова Година, а трае уште едва дена, така што заинтересираните дипломирани невработени актери можат да се пријават во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“.
– На наше изненадување досега имаме 18 апликанти од целата држава. Среќни сме што има голем интерес. За нивниот избор ќе одлучува комисија составена од актери, директори од Скопје. Аудицијата ќе се одржи во недела, за што дополнително ќе бидат информирани заинтересираните кандидати-изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.
Одобрувањата за вработување на четворица актери од кои тројца за македонската и еден за албанската драма се дадени од Министерството за финансии.
Од кумановскиот театар најавија дека побарале одобрување за вработување на дополнителни четворица актери и се надеваат дека ќе добијат одобрување за мај или јуни, годинава по што ќе се распише конкурс.
– Се надевам дека ќе бидат одобрени, ќе се вработат, ќе се зајакне екипата и ќе станеме поконкурентни, изјави Тодоровски. Во кумановскиот театар има вработено 13 Македонци и осум албански актери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
