-->
-->
Во Крива Паланка се одржа „Невестинско поклонение 2016“
-->
Во дворот на црквата Свети Теодор Тирон во Кривопаланечкото село Конопница денеска се одржа манифестацијата „Невестинско поклонение“ на која дванаесет млади невести со своите свекрви се поклонија пред светецот со верба дека ќе добијат пород.
Станува збор за возобновен обичај кој триесетина години беше запоставен, а веќе седма година се организира од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка во соработка со националната установа Центар за култура Крива Паланка, и Кривопаланечкото архиерејско намесништво на Македонската православна црква – ОА.
- Задоволство е да се видат плејада млади невести заедно со своите свекрви, облечени во автентични носии на нивните предци како се поклонуваат пред светецот Тирон, оживувајќи го обичајот и продолжувајќи ја традицијата. Радоста која ја носат со себе учесничките на овој настан придонесува за уште повесела атмосфера на манифестацијата која на едно место и денес собра голем број верници, истакна градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Тој додаде дека „Невестинско поклонение“ е културен бренд на општината, а интерес за учество пројавуваат и невести од регионот, како што рече, и надвор од грaницитe на Македонија.
Свештенослужителите ги благословија невестите, а прочитаа и молитва за зајакнување на брачните врски.
На манифестацијата присуствуваше и пратеникот во собранието на РМ од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
- Прв пат присуствувам на овој настан, ми се допаѓа, воодушевен сум што е обновен обичај кој придонесува за зацврстување на семејните релации и ги негува традиционалните семејни вредности, рече Ѓорчев.
На народниoт собир присуствуваа над три илјади верници од сите краеви на Македонија кои по водосветот и предавањето на кумството за селската слава се развеселија со звуците на традиционалната македонска песна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром